пет. Ное 13th, 2026

Новиот Кривичен законик – затворски казни за ширење дезинформации што можат да ја загрозат стабилноста на банкарскиот систем

Новиот Кривичен законик предвидува посебно кривично дело и затворски казни за ширење дезинформации што можат да ја загрозат стабилноста на банкарскиот систем. Оваа законска новина ја најави пратеничката Драгана Бојковска, истакнувајќи дека предлог-законот е веќе испратен до Европската комисија

Кривична одговорност ќе сносат лица кои ја злоупотребуваат својата службена или општествена положба и углед. Делото се однесува на пласирање неточни информации преку лажни изјави или исправи кои можат да го нарушат банкарскиот сектор.

Бојковска ја обвини опозициската СДСМ дека шири страв и паника кај граѓаните преку изјави поврзани со состојбата во Алта банка. Таа нагласи дека политичкото профитирање преку лажни информации нема да остане неказнето.

Владата и Народната банка во моментов бараат решение за преземање на Алта банка од страна на друга банкарска институција

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *