Млад човек кој често се потсмеваше на Црквата и христијанската вера дојде кај свештеникот и го испрашуваше со потсмев:
„Можете ли да ми кажете колку е тежок гревот? Нешто како 10-15-20 кг можеби? Прашувам затоа што постојано правам гревови, а сепак не чувствувам никаква тежина… „
Свештеникот го погледна и му одговори на прашањето:
„Ако на мртов човек ставиш тежина од 100 килограми, кажи ми – дали ќе почувствува нешто? „
„Ништо, секако“, одговори младичот, затоа што е мртов. „
„Значи не чувствуваш ништо – затоа што си духовно мртов. „
Младичот не очекуваше ваков мудар и продорен одговор. Тоа го натера да размислува. Од тој момент, неговата совест почна да се меша и тој почна многу подлабоко да размислува за духовноста и духовниот живот