Новиот Кривичен законик предвидува посебно кривично дело и затворски казни за ширење дезинформации што можат да ја загрозат стабилноста на банкарскиот систем. Оваа законска новина ја најави пратеничката Драгана Бојковска, истакнувајќи дека предлог-законот е веќе испратен до Европската комисија
Кривична одговорност ќе сносат лица кои ја злоупотребуваат својата службена или општествена положба и углед. Делото се однесува на пласирање неточни информации преку лажни изјави или исправи кои можат да го нарушат банкарскиот сектор.
Бојковска ја обвини опозициската СДСМ дека шири страв и паника кај граѓаните преку изјави поврзани со состојбата во Алта банка. Таа нагласи дека политичкото профитирање преку лажни информации нема да остане неказнето.
Владата и Народната банка во моментов бараат решение за преземање на Алта банка од страна на друга банкарска институција
