Поучна приказна
Синот не сакал да живее во куќата на татко му, бидејќи за некои работи се нервирал.
Таткото често реагирал:
-Ако не го користиш, исклучи го вентилаторот.
-Телевизорот е вклучен во празната соба… Исклучи го!
Заклучи ја вратата.
-Не троши толку вода
Синот не сакаше татко му да му досадува за овие мали нешта.
синот доби понуда за работа и беше повикан на интервју.
-штом ќе ја добијам работата ќе го напуштам овој град и домот-помисли синот
Веќе нема да го слушам татко ми да се жали – помисли тој.
Кога заминуваше на интервјуто, татко му го советуваше:
-Одговори на прашањата што ќе бидат поставени без двоумење. Дури и ако не го знаеш одговорот, одговори со самодоверба.
Кога стигна синот таму по патот, покрај патот, виде убави цвеќиња, но градинарот ја оставил чешмата отворена и водата течеше, се прелеваше покрај патот. Тогаш тој го извади цревото и го стави покрај други растенија на кои им беше потребна вода.
Немаше никој во приемната просторија кога пристигна ја затвори вратата и забележа светлото сè уште беше вклучено, веројатно од претходната ноќ.
Се сети на предупредувањето на татко му: „Зошто излегуваш од просторијата без да го исклучиш светлото? „ Тогаш тој го побара прекинувачот и го исклучи светлото.
Во приемната просторија почнаа да пристигнуваат и други луѓе кои беа повикани на интервју, чекајќи го својот ред.
Малку нервозен сакаше да седне и тој и стапна на подлогата на кој пишуваше: Добредојдовте! Тогаш забележа дека е свртена надолу, па ја намести правилно.. Навиките тешко се забораваат.
Кога му дојде редот за интервју, застана загрижен. Надлежниот му ги зеде документите и без да ги погледне праша:
-Кога можете да почнете да работите?
Си помисли: Мора да е шега
Како? – го праша шефот.
-Никој овде не поставуваме прашања, затоа што веруваме дека преку нив не можеме да оцениме способности. Нашиот тест е да ги оцениме ставовите на луѓето. Вршиме тестови врз основа на однесувањето на кандидатите и ги набљудуваме. Ниту еден човек што дојде денес тука не направи ништо за да ја затвори вратата, цревото со вода што тече, подлогата за добредојде, го исклучи светлото. Ти си единствениот што го направи тоа, па решивме да те избереме за работа.
Секогаш се лутеше на дисциплината на татко му, но во тој момент сфати дека поради тоа ја доби првата работа.
Назад дома се врати среќен.