Благовештение е еден од најсветлите христијански празници, кој се празнува на 7 април
Овој ден ја симболизира благата вест што Архангел Гаврил ѝ ја соопштил на Пресвета Богородица – дека таа ќе го роди Спасителот на светот. Празникот носи порака за вера, надеж и нов почеток. Во народната традиција, Благовештение се смета за ден кога природата се буди, а луѓето започнуваат нови дела. Се верува дека на овој ден треба да се прават добри дела и да се мисли позитивно, бидејќи сè што ќе се започне ќе има успех. Исто така, според обичаите, се јаде риба, иако празникот паѓа во период на пости. Благовештение нè потсетува на важноста на добрата вест, на љубовта и на вербата во подобро утре. Тој е празник кој ги обединува луѓето и внесува мир и светлина во секое срце.
Снежана