На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан.
Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април (6 мај по нов стил).
Пред својата смрт, свети Георгиј го замоли својот слуга по смртта да му го земе телото и да го пренесе во Палестина, од каде што потекнуваше и неговата мајка, и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите.
Слугата така и направи. Во времето на царот Константин, од страна на побожните христијани во Лида беше изграден прекрасен храм на Свети Георгиј, па при осветувањето на тој храм, во него беа пренесени и погребани моштите на светителот.
Безброј чуда се случија од чудотворните мошти на свети Георгиј, великомаченикот Христов
