пет. Ное 13th, 2026

Сите патни правци се проодни

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашаст снег кој останува по интервенцијата на возилата на Ј.П.Македонија пат .
Снег со променлив интензитет провејува  во севро источниот ,западниот и југо западнит дел од Републиката кој не преставу проблем за одвивање на сообраќајот во зимски услови.
Сите патни правци се проодни.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *