Белата фонтана кај Музејот во Битола била подигната во 1977 година како подарок од полски скулптор и симбол на македонско-полското пријателство.
Инспирирана е од хелиоцентричниот Сончев систем на полскиот астроном Никола Коперник. Според ликовниот уметник Владо Ѓорески, завршетоците на нејзините сводови биле обликувани по теркот на фасадата на битолскиот Офицерски дом, со што споменикот го обединувал полското и битолското културно наследство.
Била обложена со бел прилепски мермер, изработен од мајсторите на Мермерниот комбинат од Прилеп, а во најдобрите денови имала осветлување и високи млазеви вода.
Повеќе од три децении претставуваше централно место за дружење на младите, уметниците и супкултурните групи, како и препознатлив мотив на старите битолски разгледници.
Во последните десетина години пред уривањето фонтаната не работеше и беше запуштена, но младите ја користеа како слободен простор за испишување пораки и графити.
Во април 2016 година општината целосно ја урна , а во 2017 година на нејзино место беа изградени две помали правоаголни фонтани.
Фотографија Новост архива
