Постојат места каде што времето како да застанало, а секојдневието тече бавно и тивко. Градот на тишината го раздвижува само понекоја група туристи и љубопитни посетители, кои со своите чекори и тивки разговори накратко ја прекинуваат неговата длабока дремка.
Низ старите калдрмисани улици,низ Широк сокак каде што шепотот на ветерот низ гранките е погласен од градскиот метеж, минувачите со восхит ги разгледуваат старите куќи и сокриените дворови. Секој звук на фотоапарат и секое љубопитно прашање внесуваат свеж здив живот меѓу ѕидовите што паметат многу минати времиња.
Битолчани ги пречекуваат со блага насмевка.
Но, штом сонцето ќе почне да заоѓа и последните посетители ќе си заминат, улиците повторно се празнат.
Градот одново се повлекува, чувајќи ги приказните и спомените сè до следната средба со некој нов патник намерник
