Со доаѓањето на постудените денови и почетокот на зимската сезона, едно од главните прашања меѓу граѓаните е колку Битола е подготвена да се справи со евентуалните снежни врнежи и ниските температури.
адлежните локални институции и јавни претпријатија веќе ги презедоа потребните подготвителни чекори. Усвоена е програмата за зимско одржување.
Дополнителна предност за граѓаните е можноста преку дигиталната платформа на општината во секој момент да ја следат работата на возилата за чистење снег.
Сепак, подготвеноста за зимата не зависи само од службите, туку и од самите граѓани.
Од 15 ноември стапува на сила обврската за задолжителна зимска опрема во возилата, па навремената промена на гумите и внимателното возење се клучни за безбеден сообраќај.
Иако во градот сè уште нема снег, останува на првите посериозни врнежи да покажат колку плановите на хартија ефикасно ќе функционираат и во пракса.
