сре. Ное 18th, 2026

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПРЕДЛОЖИ ПРИТВОР ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО БИТОЛА

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 10 ноември во неговиот дом, телесно ја повредил неговата девојка. По расправија започнал да ја дави и со тупаници и шлаканици ја удирал по главата и телото.

Јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, особено имајќи го предвид фактот дека тој, откако дознал дека е пријавен, избегал од полициска станица. Ова, според јавниот обвинител, укажува на неговата решеност да го избегне кривичниот прогон, што претставува ризик за непречено водење на постапката.- стои во соопштението на ОЈО Битола

извор на вест https://jorm.gov.mk/predlozhen-pritvor-za-semejno-nasilstvo-vo-bitola/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *