сре. Ное 18th, 2026

Одреден 30-дневен притвор за осомничениот за бруталното претепување на девојка во Охрид

Кристијан Корабоски, осомничен за бруталниот напад врз млада девојка што се случи викендов во Охрид, од синоќа е спроведен на издржување мерка притвор во Затворот во Охрид.

Според судската одлука, судијата го прифатил барањето на надлежниот обвинител и му изрекол 30-дневен притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело.

Претходно, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинителен предлог против него за три тешки кривични дела:

Тешка телесна повреда;

Противправно лишување од слобода

Загрозување на сигурноста.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста откако беа објавени вознемирувачки детали за насилството, како и информации дека семејството на повредената девојка претходно добивало заканувачки пораки додека осомничениот сè уште бил на слобода.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *