Во Скопје се најавени две граѓански акции со барања за институционална одговорност, правда за жртвите и поголема заштита од насилство.
Првата акција е закажана за петок, 20 ноември, со почеток во 13 часот, кога ќе се одржи блокада на улицата „Илинденска“ пред Владата. Втората акција, односно протест под мотото „Ниту една повеќе“, ќе се одржи во среда, на 25 ноември, со почеток во 17 часот во паркот „Жена борец“.
Преку објавените повици, граѓаните бараат крај на фемицидот, насилството и неодговорноста на институциите, очекувајќи конкретни постапки од надлежните наместо празни ветувања.
„Доста беше од ветувања, молчење, молење и чекање. Бараме ОДГОВОРНОСТ, бараме ПРАВДА, бараме ПРАВА!“, порачуваат организаторите во својот повик.
Со овие два собири се апелира на поголема јавна поддршка во борбата против насилството врз жените и ефикасно справување со овој општествен проблем од страна на надлежните органи.
https://www.instagram.com/nituednapovekje/?utm_source=ig_embed&ig_rid=A0M8f43xiP0JLDhjM_r0x2e
