Секоја пролет и лето, а за некои и во есен, социјалните мрежи во Македонија стануваат дигитален хербариум. Опозициските партии, независно од тоа кои се во моментот, редовно излегуваат на терен опремени со паметни телефони за да го снимаат она што секој граѓанин веќе добро го гледа
Како политичка тактика, ова е легитимно. Задачата на опозицијата е да биде буден коректив на власта и да ги лоцира нејзините неуспеси. Но, кога целата политичка стратегија ќе се сведе на чиста критика без ниту една реченица која нуди решение, тогаш таквата политика брзо го губи својот рок на траење.
Проблемот го гледаме сите, каде е планот?
Граѓаните немаат потреба некоја партија да им каже дека тревата пред нивната зграда е висока . Тие го знаат тоа бидејќи секој ден поминуваат оттука. Она што граѓаните навистина го бараат од опозицијата не е уште едно видео со драматична музика, туку одговор на прашањето: „Што би направиле вие?“
Кога критиката е осамена, таа станува контрапродуктивна од неколку причини:
Постојаното бомбардирање со дефекти, без притоа да се понуди излез, кај гласачите создава чувство на апатија. Наместо да ги мотивира, тоа ги одвраќа луѓето од политиката, водејќи се по максимата „сите се исти“.
Сериозна политичка партија која утре претендира да менаџира со општински или државен буџет мора да покаже стратешко размислување. Ако понудата запре кај неискосената трева, партијата во очите на јавноста се деградира од идна власт во обичен набљудувач.
Јавноста многу лесно препознава кога некој искрено се бори за подобра средина, а кога само се обидува да „улови“ ситни политички поени врз грбот на секојдневните маки на граѓаните.
Политичката зрелост се мери со способноста да се понуди алтернатива. Наместо само празно снимање, вистинскиот политички притисок се прави со конкретни предлози:
Високата трева се коси со машини и добра организација, а не со камери и соопштенија за јавност од опозција. На граѓаните им е преку глава од дијагнози – време е некој конечно да понуди терапија