Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, истакнувајќи ги институционалните пропусти и изостанокот на политичка одговорност во случаите на насилство врз жени. Таа ги посочи неодамнешните случувања, вклучувајќи го случајот со Сара од Охрид, како доказ за закаснувањето на надлежните органи и потребата од итни законски измени и санкции за одговорните лица.
