Утре, 24 ноември (11 ноември по стар стил), Македонската православна црква и верниците го празнуваат споменот на Светиот великомаченик Мина.
Свети Мина бил родум од Египет и служел како војник во римската војска. За време на прогоните на христијаните, тој ја напуштил службата и се повлекол во пустината за да живее во пост и молитва. Подоцна, јавно ја исповедал својата вера пред незнабошците, поради што бил мачен и погубен околу 304 година.
Во народната традиција, Свети Мина се смета за чувар на домот и семејството, а верниците му се молат за заштита од несреќи, здравје и благосостојба. На овој ден, во многу македонски домови се пали свеќа за здравје и се прославува домашна слава.
