саб. Ное 21st, 2026

СВР Битола по потрага на 18 годишна девојка од прилепско Канатларци, по часовите не се вратила дома

ДНЕВЕН БИЛТЕН НА СВР БИТОЛА

На 20.11.2026 во 21:30 часот во СВР Битола, А.Д. од с.Канатларци, прилепско пријави дека неговата 18- годишна ќерка после часовите од Прилеп не се вратила дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на истата.

останати настани од дневниот билтен:

На 20.11.2026 во 23:00 часот на ул.„Димитар Илиевски Мурато” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.С.(34) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.С., при што констатирано било дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.11.2026 во 20:00 часот во ОВР Прилеп, прилепчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.11.2026 во ОВР Прилеп од страна на затворска полиција при Казнено поправната установа Затвор Прилеп, пријавено е дека при преглед на келија кај осуденото лице С.Н.(42) од Кавадарци била пронајдена марихуана, семки од марихуана и останати предмети. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.11.2026 во 12:30 часот во атар на с. Слепче, општина Долнени полициски службеници од полициско одделение Ропотово го лишија од слобода В.К.(43) од Прилеп, бидејќи истиот бил затекнат како врши безправна сеча на огревни дрва не жигосани. При преглед одземени биле 1,20 метри кубни огревно дрво и моторна пила, по што се предадени на шумска полиција. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок- информираат од СВР Битола

СВР Битола дневен билтен

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *