пет. Ное 20th, 2026

Кривични пријави и суспензија за двајца охридски и еден српски полицаец поради употреба на физичка сила врз малолетник

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривични пријави против полициските службеници С.С. и Б.Г. од СВР Охрид, како и против српскиот полицаец Ј.И., поради сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Инцидентот се случил на 29 јули 2026 година околу 05:05 часот во Охрид. Откако пријавените сопреле малолетник без возачка дозвола на мотоцикл, тој се обидел да побегне. Полицајците набргу го фатиле, по што употребиле физичка сила, гумена палка и тврд предмет, нанесувајќи му повреди на повеќе делови од телото.

За двајцата полицајци од Охрид ќе биде поведена дисциплинска постапка и ќе бидат суспендирани од работното место. За српскиот полициски службеник, по наредба на ОЈО ГОКК, е испратено барање до внатрешната контрола на српското МВР за извршување службен разговор.

извор МВР

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *