Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривични пријави против полициските службеници С.С. и Б.Г. од СВР Охрид, како и против српскиот полицаец Ј.И., поради сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Инцидентот се случил на 29 јули 2026 година околу 05:05 часот во Охрид. Откако пријавените сопреле малолетник без возачка дозвола на мотоцикл, тој се обидел да побегне. Полицајците набргу го фатиле, по што употребиле физичка сила, гумена палка и тврд предмет, нанесувајќи му повреди на повеќе делови од телото.
За двајцата полицајци од Охрид ќе биде поведена дисциплинска постапка и ќе бидат суспендирани од работното место. За српскиот полициски службеник, по наредба на ОЈО ГОКК, е испратено барање до внатрешната контрола на српското МВР за извршување службен разговор.
извор МВР
