Секојдневно сме преплавени со брзи вести, информации и наслови кои брзаат да го фатат чекорот со денот. Но, зад секоја објавена вест стојат луѓе кои имаат свои мисли, свои хобија, патувања и секојдневни приказни кои не секогаш спаѓаат во рубриката „актуелно“. Затоа решив да го отворам ова катче. Ова е Мојот Бележник.
Ова нема да биде место за суви факти или официјални извештаи. Напротив, ова ќе биде мојот личен простор каде што ќе пишувам за сè што го прави животот интересен. Тука ќе најдете:
Лични размислувања за секојдневието и нештата што нè опкружуваат, и за сè она што ми носи инспирација.
Овој бележник го замислувам како едно дигитално кафе-дружење со сите вас. Место каде што ќе можеме да да размениме мисли.
Страниците се празни, моливот е наострен, а ова е само првата страница од една долга приказна.
Ви благодарам што сте тука и добредојдовте !
Снежана Анеска
