Додека голем дел од граѓаните во Македонија се борат да го преживеат месецот и да ги покријат основните трошоци за храна и сметки, Владата излегува со нови мерки за наводно решавање на станбеното прашање на младите.
Најавата дека градежните компании ќе мора да продаваат 10 проценти од новите станови со попуст од 20 проценти за брачни парови до 35 години, звучи убаво само на хартија, но во реалноста е целосно отсечена од животниот стандард на обичниот човек.
Вистинското прашање што се наметнува е: за кого се наменети овие мерки и како еден млад пар со просечни примања воопшто би подигнал кредит од десетици илјади евра, кога парите едвај стигнуваат за основна егзистенција?
Дури и со најавениот попуст, цените од 500 до над 650 евра за квадрат во помалите градови, а уште повеќе во Скопје, остануваат недостижен луксуз.
За градење куќа, пак, ослободувањето од комуналии не значи многу ако немате сопствен плац и огромен почетен капитал за материјали и работна рака.
Истовремено, во целата оваа кампања за „поевтини“ приватни станови, целосно се заборава на државните, односно социјалните станови.
Наместо државата директно да гради и да обезбедува достапно домување за најранливите категории и за младите кои немаат никаков имот, товарот и пазарот повторно се префрла кај приватните инвеститори?
Фото со асистенција на A
