Од вечерва му истекува куќниот притвор на Груби,тој може да се брани од слобода

Мерката куќен притвор за Артан Груби, обвинет во предметот „Државна лотарија“, истекува вечерва на полноќ. Во меѓувреме, Кривичниот суд во Скопје сè уште нема донесено одлука по неговото барање за враќање на пасошот, за кое е понудена имотна гаранција.

По завршувањето на мерката, Груби ќе може да се брани од слобода. Тој е меѓу обвинетите во случајот во кој се истражува сомнеж за злоупотреба на службената положба и овластувањата. објави Скопје1.мк

Според обвинението, Груби, како поранешен вицепремиер и претседавач со владина седница, дал согласност за набавка на видеолотариски терминали преку кои Државната лотарија организирала игри на среќа. Обвинителството смета дека станува збор за игри што Лотаријата немала право да ги приредува, а штетата за државниот буџет ја проценува на 9,7 милиони евра објави Скопје1.мк

Прочитајте за ...

Leave a Comment