сре. Ное 25th, 2026

„АЛТА банка“ ги ослободи новите приливи: Фирмите и граѓаните со неограничен пристап до средствата од други банки

Народната банка информира дека од денес, 25 ноември, се проширува пристапот до банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата одлука, правните лица добиваат можност во целост и без никакво ограничување на износот да располагаат со сите нови приливи на нивните сметки, под услов тие средства да се префрлени од сметки отворени во други банки или даватели на платежни услуги.

Ова олеснување надоврзува на веќе воведената мерка за физичките лица. Граѓаните кои имаат сметки во „АЛТА банка“ исто така можат неограничено да ги користат новите приливи кои доаѓаат од други банки, без разлика на основата. Тука спаѓаат и редовните месечни примања како плати, пензии и социјални трансфери, доколку исплаќачот има сметка во друга банка.

Поради ова, клиентите немаат потреба да отвораат сметки во други банки. Со пристигнатите средства може да се располага во целосен износ на сите вообичаени начини – преку електронско и мобилно банкарство, со платежни картички или преку подигнување готовина на отворените шалтери на Банката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *