сре. Ное 25th, 2026

Свети Јован Милостив христијански светител од 7 век, познат по својата безгранична дарежливост и грижа за сиромашните

Свети Јован се родил на островот Кипар во угледно кнежевско семејство, како син на кнезот Епифаниј. Уште од детството бил воспитуван во христијански дух и побожност. По желба на неговите родители стапил во брак и добил деца, но по Божја промисла набрзо му починале и сопругата и децата. Ослободен од световните грижи, тој целосно му се посветил на духовниот живот, молитвата и помагањето на оние на кои им е најпотребно

Поради неговата голема кротост и милосрдие, во времето на царот Ираклиј бил избран за патријарх Александриски. Десет години управувал со Александриската црква како вистински пастир

Кога Персијанците го нападнале Египет, свети Јован се упатил кон родниот Кипар. На патот се разболел и штом пристигнал во родното место Аматунта, мирно се упокоил во 620 година

Православната црква го празнува неговиот спомен на 25 ноември по нов стил (односно 12 ноември по стар стил).

Нека е честит празникот и за многу години на сите што го носат неговото име или го слават како домашен празник!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *