Најавените граѓански протести во Крива Паланка се ставаат во мирување откако Владата донесе одлука со која задолжи шест државни институции да преземат конкретни мерки за решавање на долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на говедата.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги заловува и одзема животните.Агенцијата за управување со одземен имот ќе биде задолжена за нивниот транспорт и згрижување.Во акцијата ќе учествуваат и МВР, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Бирото за процена.
