Според УХМР следниве денови времето ќе биде стабилно и студено.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, особено во првите денови од следната седмица, кога наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h.