По денешното разведрување и дневните температури кои достигнуваат до 20–22 °C, од недела следува благ пад на температурите (околу 15–18 °C) со претежно сончево до умерено облачно време.
Во понеделник (23 ноември) и вторник (24 ноември) се очекува наоблачување и позначаен продор на постуден воздух. Условите за локални врнежи од дожд се зголемуваат, додека дневните температури ќе паднат во интервал од 7 до 13 °C
Времето ќе биде студено и променливо. Според прогнозите на Press24, утринските температури на повеќе места ќе се спуштат околу или под нулата (до -3 °C), а дневните ќе се движат меѓу 4 и 9 °C. Околу 27 и 30 ноември постои можност за мешани врнежи од дожд и снег на повисоките места, а на планините ќе има појава на снег
