Kај контејнерите во Пелагонка 2 повторно почнува да се создава депонија?

На локацијата кај контејнерите во населбата Пелагонка 2, која претходно беше исчистена од страна на надлежните служби, повторно почнува да се создава депонија.

Иако помина одредено време откако просторот беше комплетно расчистен, на местото веќе се забележуваат првите знаци на ново натрупување смет. Ситуацијата во моментов сè уште не е хаотична како претходно, но доколку не се реагира навреме, локацијата набрзо ризикува повторно да се претвори во дива депонија.

Прочитајте за ...

Leave a Comment