пон. Ное 23rd, 2026

Битолчани незадоволни од ланската елка на „Магнолија“ – дали градот годинава ќе добие нов празничен симбол?

Новогодишната елка на плоштадот „Магнолија“ во Битола минатата година беше мета на сериозни критики и незадоволство од страна на граѓаните.

Иако празничниот амбиент низ градот и проектот „Зимска приказна“ добија генерално позитивни коментари, главниот симбол на плоштадот остана голема „утка“ која предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Битолчани реагираа дека елката е несразмерно мала за јавниот простор.

Локалното население коментираше дека „градот на конзулите“ заслужува репрезентативно новогодишно обележје, а не импровизација која дополнително се споредуваше со слични скромни решенија од другите градови.

Поради ваквиот револт, во јавноста веќе се покренува прашањето дали Општина Битола за претстојните празници конечно ќе ги послуша критиките на граѓаните и ќе набави нова, помодерна и побогата новогодишна елка која ќе му го врати вистинскиот сјај на плоштадот „Магнолија“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *