саб. Ное 21st, 2026

Граѓаните на протест поради стотиците крави што слободно талкаат низ градот

Граѓаните на Крива Паланка во знак на револт го блокираа магистралниот пат, откако надлежните институции со години си ја префрлаат одговорноста за долгогодишниот проблем со добитокот. За време на протестот, поттикнат од неконтролираното движење на повеќе од илјада крави низ градот и околината, дошло и до кошкање меѓу неколку граѓани и полицијата.

Причините за ваквите турканици меѓу демонстрантите и полициските службеници засега остануваат непознати. Жителите на Крива Паланка бараат итна реакција од институциите, жалејќи се на уништени земјоделски посеви, оштетен приватен имот и нарушена лична безбедност.

фото Принскрин

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *