саб. Ное 21st, 2026

Нема веќе скапи концерти: Граѓаните го откажаа настапот на Дино Мерлин во Сплит за да купат болнички апарат

Концертот на Дино Мерлин во Сплит, вреден 150 илјади евра, е официјално откажан по силен притисок од јавноста. Околу 20.000 граѓани потпишаа петиција со барање парите од градскиот буџет наместо за забава, да се пренасочат за набавка на ПЕТ/КТ апарат за сплитската болница.

По ваквата реакција, градоначалникот Томислав Шута соопшти дека нема да го потпише договорот за новогодишниот настап, иако нагласи дека здравствената опрема е во надлежност на Министерството за здравство, а не на градот. Од тимот на пејачот, пак, ги демантираа објавените суми, тврдејќи дека дел од трошоците требало да ги покријат спонзори и најавија можни тужби за нарушен углед. Овој случај испраќа јасна порака дека граѓаните сè погласно бараат приоритет за основните животни потреби пред скапите музички спектакли.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *