Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и сите патни правци во земјава се проодни, информираат од ЈП „Македонијапат“.
Сепак, поради претежно влажните коловози, надлежните ги предупредуваат возачите на зголемена претпазливост. Дополнително, на планинскиот превој Стража има појава на магла која ја намалува видливоста до 100 метри, додека на патните правци што минуваат низ усеци и клисури постои опасност од поситни одрони.
Од ЈП „Македонијапат“ апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, строго да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење според условите на патот.
фото илустрација
