Земјотрес со епицентар во Грција утрово почувствуван во Битола и Охрид

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4.0 степени утрово во 08:47 часот е почувствуван во Битола, Охрид и околината, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците на телеметриската сеизмолошка мрежа, епицентарот на потресот се наоѓал во соседна Грција, на околу 140 километри југозападно од Скопје. Во југозападниот дел на земјава земјотресот бил почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *