ЦУК:Во Битола нема пријави за нарушување на редовната состојба и нема излевања на реките

Од ЦУК известуваат за Состојба по обилните врнежи

Состојбата по обилните врнежи низ државата е стабилизирана. Во Струмица во текот на ноќта имаше одрони на коловозната лента на патот Струмица – Валандово и истиот е исчистен од страна на екипа на Македонија пат. Во Штипскиот регион има зголемување на водостоите и водотеците. Одроните на камења на патниот правец Делчево – Истибања од страна на екипи на ЈП Македонија пат редовно се интервенира и засега нема застои во сообраќајот. Излевање на вода од канал во с. Спанчево (ЕЛС Чешиново-Облешево) известени се ТППЕ Кочани.

Водостојот на водотеците (Оризарска река, Брегалница и одводниот канал с. Бање-река Злетовица) е во критична состојба, но сеуште нема излевања.

Во Скопје, Битола, Охрид, Велес, Струмица, Тетово и Куманово нема пријави за нарушување на редовната состоба и нема излевања на реките. Сите региони се во стабилна состојба.

__________извор ЦУК

Прочитајте за ...

Leave a Comment