Управата за хидрометеоролошки работи како и секогаш известува за временската состојба. Еве што објавија за времето утре и во следните денови
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух во понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а во среда и четврток засилен ветер од југоисточен правец.