Божествената Литургија по повод празникот на Светите Три Светители – Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов, меѓу народот познат и како Ден на бакалите се одржа во храмот Св ББлаговештение во Прилеп. Со литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент и Епископот Велички г. Никола.