Во време кога секој има простор да каже сѐ, не секој има што вредно да каже. Препукувањето по социјалните мрежи не е знак на сила, туку често одраз на внатрешни несигурности и потреба за внимание.
Оној што не влегува во бескрајни расправии не е слаб — напротив, тоа е човек што знае да постави граници. Да не возвратиш на провокација бара повеќе карактер отколку да вратиш навреда со навреда.
Достоинството не се мери со тоа колку гласно ќе одговориш, туку колку мудро ќе одбереш да премолчиш. Вистинската вредност е во самоконтролата, во мирот што го чуваш во себе и во одлуката да не се спуштиш на ниво што не ти прилега.
Не секоја битка вреди да се води. Некои се добиваат токму со тоа што нема да ги започнеш.
Фото: цвеќе Исусов венец
Снежана