Денеска, со почеток во 12 часот, во Охрид се одржува граѓански протест против семејното насилство и насилството врз жените. Собирот е реакција на неодамнешните случаи на физичко насилство кои ја вознемирија македонската јавност и предизвикаа силни реакции.
Преку овој протест, граѓаните го изразуваат својот револт и упатуваат јасни барања до надлежните:
Поголема и поефикасна заштита на жртвите;
Навремено и одговорно постапување на институциите;
Строги санкции за сторителите.
Протестот се одвива во атмосфера на зголемена загриженост за безбедноста на жените во општеството, а главната порака на присутните е дека ниту една жена не смее да биде оставена сама и без поддршка, ниту пак насилството смее да помине неказнето.
фото Принскрин
