13 години на политичката сцена, а на крајот — повторно само критичар?
Ако за 13 години немаш понудено ништо повеќе од критика, можеби проблемот не е во градот, медиумите или во „другите“. Можеби граѓаните едноставно одамна ја препознале приказната.
Битола не е ничија приватна сцена, ниту граѓаните се публика која треба да аплаудира на секоја добро спакувана претстава.
Не е проблем да се критикува. Напротив — критиката е потребна. Проблем е кога критиката станува единствената политичка програма, а личната промоција се претставува како општ интерес.
Не е лесно да се финансира сопствена промоција, ниту да се гради медиумска слика во која пред камерите се игра улогата грижа за граѓаните, а половина град на фб го блокира, зад камерите реалноста е сосема поинаква.
Помина времето кога големите зборови за хуманост, грижа и јавен интерес беа доволни за да се сокријат личните амбиции и интереси.
Битола памети. Битола гледа. И Битола знае да направи разлика меѓу човек што работи за градот и човек што само зборува за него.
Некои политички приказни едноставно завршуваат.
А за оние што 13 години не успеале да ја напишат следната страница — можеби навистина е време за билет во еден правец.