Децата ја обожаваат мусаката од компири со мелено месо , ем вкусна ем здрава.
Што се е потребно за подготовка на мусака од компири и мелено месо, рецепт ни достави господинот Цане, кој вели дека ја обожава целото негово семејство .Цане додадав дека тој само е задолжен за подготовка на мусака од компири и мелено месо во нивната домашна кујна бидејќи највкусно ја подготвува.Еве што е потребно за подготовка
Состојки
–500гр
мелено месо
10
компир
2
кромид
1
лук
5гр
благ црвен пипер
5гр
MAGGI Мешан Зачин
3
јајце
150гр
млеко
3лажици
сончогледово масло
- Кромидот исечкајте го ситно и продинстајте го.
- Додадете го меленоте месо и ситно исечканиот лук и динстајте додека месото да добие кафеава боја, потоа зачинете по желба и добро измешајте.
- Измијте го компирот, излупете го и исечете го на кругчиња.
- Во подлабок огноотпорен сад редете ред компири, па ред месо додека да се потрошат состојките, а последниот ред треба да бидат компири.
- Јајцата и млекото изматете ги и прелијте ги преку компирите.
- Покријте го садот со сребрена фолија и ставете го во загреана рерна на 190С, печете околу 30 минути.
- Потоа извадете ја фолијата и печете уште 15-ина минути да порумени компирот. Послужете ја мусаката топла со додаток ладна кисела павлака.