Најпознатото обележје Саат-кулата која гордо се издига во центарот и со децении го мери времето на овој град. Срцето на општествениот живот чука на Широк Сокак, каде што луѓето со часови уживаат во традиционалното пиење кафе и во пријатни разговори. Најголемото богатство на Битола се самите битолчани, кои со своето гостопримство, хумор и градска песна прават секој да се чувствува како дома