По којзнае кој пат, сведоци сме на срамни и поразителни слики од коритото на нашата река Драгор.
И покрај сите апели, акции за чистење и предупредувања, несовесни поединци и понатаму ја третираат реката како депонија за фрлање отпад.
Водата носи сè, но срамот останува на брегот!
Фрлањето пластика, градежен шут, кеси и секаков вид отпад не е само одраз на елементарна некултура, туку е и директен напад врз здравјето на сите битолчани, врз животната средина и ликот на нашиот град.
Реката не е канта за ѓубре